Пријатели на GG

Cineplexx Македонија it.mk MK Host

GG S03 Тизер

Драги пријателчиња (што би рекла нашата посилна половина),
дојдовме во јубилејната трета сезона од GG. Многу работи научивме за овие две години благодарение на вас.

Пред новата сезона направивме неколку промени кои се надеваме ќе вродат со плод:

- Како прво го променивме времето на емитување. Сега ќе почнуваме во 21:00 часот. Причината за ова е дека има гледачи на кои им е важно еден саат дополнително сон и ние тоа го почитуваме. На другите не им беше битно. Оваа сезона одиме вака!

- Денот останува ист - Понеделник!

- Новата сезона ја почнуваме на 17ти Октомври. Направивме и ново студио со стар концепт. Аналогно  - домакински! Со оглед на тоа дека технички сеуште го бркаме нивото на кое сакаме да бидеме, рефрешот ќе се добие и по тој апгрејд.

- Направивме веб сајт, а адресата е gg.mk Со време ќе расте. Се планира продавница, форум, колумни и се разбира содржина. Има уште багови на кои се работи катадневно. Доколку надете на некој бубашваб или имате сугестија, отворени сме како трудници на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

- Ги ставивме сите видеа повторно на Youtube па така сега ќе можете да ги прегледате сите банирани, оспорувани и забраните материјали. Од Петар Котевски до Анселмо Талота од Blizzard. Каналот како и до сега го имате на http://yt.gg.mk Некои работи сигурно фалат но тоа ќе се корегира.

- Како и сите селф-фондед зиро-буџет акции, знаеме дека голем дел од материјалите на нет се со старото време, но работиме на тоа да ги апдејтираме.

Дец ит! Кликајте, шерувајте, лајкајте и донирајте и се гледаме следниот Понеделник од 21:00 часот... помијнуење...

И се разбира не заборавајте да:
кликнете Subscribe на http://twitch.tv/ggtvmk

...и не најдете на:

Facebook: http://fb.gg.mk
Twitter: https://twitter.com/ggtvmk
Steam: http://steamcommunity.com/groups/ggtvmk

Се гледаме,
GG

GG Сезона 3, 10 Октомври 2016

Log in

fb iconTPL_GK_LANG_FB_LOGIN_TEXT